Ќе ти дојдам вечер јас во зла доба,
ќе ти легнам тивко јас на перница.
Ќе ти дојдам вечер, пенџер отвори,
љубов што ти носам ќе нè изгори.
Кај ли беше, кој те видел,
љубов ти си криела.
Ладна постела ти била,
сама ти си спиела.
Ќе ти дојдам вечер јас во зла доба,
ќе ти легнам тивко јас на перница.
Ќе ти дојдам вечер, пенџер отвори,
љубов што ти носам ќе нè изгори.
Зошто од мене се криеш,
љубов ти побарај ми.
Немој мене да ме лажеш,
што те мачи кажи ми.
Ќе ти дојдам вечер јас во зла доба,
ќе ти легнам тивко јас на перница.
Ќе ти дојдам вечер, пенџер отвори,
љубов што ти носам ќе нè изгори.
Зумбул цвеќе ќе ми бидеш,
ќе ми красиш дворови.
Јас на други не те давам,
ќе те љубам до зори.
Ќе ти дојдам вечер јас во зла доба,
ќе ти легнам тивко јас на перница.
Ќе ти дојдам вечер, пенџер отвори,
љубов што ти носам ќе нè изгори